Нова учебна година, поголем сообраќаен метеж и стари грижи за скопјани - ќе има ли редовни автобуси. Решение на проблемите за градскиот превоз во Скопје нема на повидок. Чекаме со саати, вака е секој ден, катастрофа, велат дел од граѓаните. Вработените во ЈСП, пак, велат дека претпријатието е жртва на политичарите и за година и пол оттаму заминале над 500 вработен. Град Скопје убедува дека градскиот превоз функционира нормално.
Скопјани со месеци се жалат на нередовниот градски превоз, а стравуваат дека хаосот ќе биде поголем со почетокот на новата учебна година. Чекаме со саати, вака е секој ден, назад не знам колку месеци – катастрофа, велат дел од граѓаните во анкетата на РСЕ.
Работниците бараат покачување на платите поради континуираниот раст на трошоците за живот, но од власта велат дека пари во буџетот за оваа година нема. Ќе има усогласување на платите, за кое синдикатите велат дека тоа се минорни суми. Тие бараат да се утврдат коефициенти според просечната плата.
Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).
123ru.net — живые новости в прямом эфире!
В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.