Забрзување на европската интеграција во фокусот на Самитот во Скопје
Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ преовладуваше во реториката на лидерите од регионот кои денеска се собраа во Скопје. Претседателката на Северна Македонија го пречека и грчкиот министер за надворешни работи, но немаа билатерална средба.Сиљановска Давкова ќе ја чека новата влада за да каже став дали поддржува испраќање оружје на Киев, но порача дека однесувањето на Северна Македонија е во согласност со европската политика.