Ако Турција купи С-400 од Русија, САД ќе ја преселат Инџирлик во Грција?
Ако Анкара не се откаже од набавката на рускиот противракетен систем С-400, САД би можеле да ја пренесат својата воздухопловна база од Турција во Грција, изјави за „Катимерини” американскиот сенатор Боб Менендез.
Во интервју за грчкиот весник, демократскиот сенатор укажува дека со ова Вашингтон ќе покаже дека се грижи, како за својата, така и за национална безбедност на сојузниците, во согласност со Членот 5 од договорот за НАТО. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Менендез сепак се надева дека тоа нема да се случи.
„Не очекуваме дека Турција ќе застане на тенок мраз. Но, ако го направи тоа, ние ќе сториме се што е во наша моќ да ја заштитиме нашата и националната безбедност на нашите сојузници, соодветно на Членот 5 од договорот за НАТО“, изјави тој и додаде дека „Вашингтон е подготвен да ја пресели својата база Инџирлик од јужна Турција во Грција“, но се надева дека „односите со Анкара нема да дојдат до таму”.