Времето облачно со дожд и снег
Во Македонија времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и снег на пониските места, а снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат пообилни претпладне, особено во источните делови. Вкупната количина на воден талог локално ќе надмине 30литри на м2.
Попладне облачноста делумно ќе се намали и врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.
Температурата ќе се движи од 0 до 8 степени.