Дачиќ- со Приштина никогаш не се разговарало за детали
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска рече дека не можел до детали да каже кој е српскиот план за Косово во дијалогот меѓу Белград и Приштина за решавање на косовскиот проблем. За српската телевизија Прва тој рече дека претседателот Александар Вучиќ изнесол принципи врз чија основа би требало да се разговара со Приштина, но дека штом таа идеја дошла до јавноста се застанало со дијалогот. Дачиќ додаде дека дијалогот меѓу двете страни никогаш не бил воден за да се разговара за детали.