ЕУ го осуди апсењето новинари во Грција
Европската комисија и шефот на Европската народна партија (ЕПП) ги осудија апсењата во Грција на тројца новинари од весникот „Филефтерос“, кои беа уапсени на 23 септември по пријава на министерот за одбрана Панос Каменос за статија посветена на наводни злоупотреби на европски фондови за миграција. Против новинарите е поднесена тужба за клевета.
Првиот човек на Европската народна партија (ЕПП) и кандидат за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, апсењето го нарече „застрашувачко“ и „спротивно на европските вредности“.
„Слободата на медиумите е еден од основните столбови на демократијата и треба да биде почитувана и негувана од сите, напиша Вебер на Твитер.
Портпаролката на Европската комисија Мина Андреева изјави дека „нема демократија без слободни медиуми.“