САД и Северна Кореја дискутираат за војниците од Корејската војна
Претставници на САД и Северна Кореја се сретнаа на меѓу-корејската граница да дискутираат за враќање на остатоците од војниците на САД убиени во Корејската војна, јави новинската агенција Јонхап во Јужна Кореја.
Репатрацијата на останките на САД беше еден од договорите постигнат минатиот месец на самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун.
Новинската агенција Јонхап цитира неименувани владини претставници како велат дека преговорите почнале на 15 јули во пограничното село Панмунџом во таканаречената Демилитаризирана зона, која ги одвојува двете кореи.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој го посети Пјонгјанг на почетокот на месецов да дискутира за договорот за денуклеаризација потпишан меѓу Ким и Трамп, го обелодени планот за разговори истакнувајќи го како едно од прашањата на кои двете страни постигнале напредок.
Откако Помпео го напушти Пјонгјанг, Северна Кореја ја обвини неговата делегација дека направила „гангестерски“ барања во врска со денуклеаризацијата.
Трамп на 12 јули изрази оптимизам, откривајќи писмо од Ким во кое младиот лидер го позрдравил „почетокот на значајното патување.“