Рекорден број на цивилни жртви во Авганистан
Обединетите нации соопштија дека бројот на цивили убиени во Авганистан достигна рекорд во првата половина од годината и покрај минатомесечниот прекин на огнот.
Бројот на убиени се зголми за еден отсто на 1.692 лица, додека бројот на повредени е намален на 3.430, соопшти денеска Мисијата на ОН за помош во Авганистан во совојот нов извештај за цивилни жртви.
ОН вели дека бројот на жртви е најголем во шестмесечен период откако се води систематска документација за цивилните жртви од 2009 година.
Вкупниот број на цивини жртви е намален за три проценти во однос на минатата година.