Турција со претседателски декрети реструктуира главни институции
Турскиот службен весник денеска објави седум декрети кои се однесуваат на повеќе државни институции, со што се реструктуираат основни политички, воени и административни институции, како дел од трансформацијата кон извршна претседателска власт.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот стапи на должност и сега има големи овластувања кои му дозволуваат да објавува декрети и да назначува и разрешува високи државни службеници.
Промените се совпаѓаат со втората годишнина од обидот за преврат во земјата, во кој беа убиени 250 луѓе.