Времето денеска: сончево со мала облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а кон крајот на денот и во ноќните часови ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи, особено во северозападниот дел од земјава. Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а дневната од 24 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.