Орешкин: Европа е заинтересирана за нови инвестиции во руската економија
Министерот за економски развој на РФ Максим Орешкин изјави за пораст на интересот на европскиот бизнис за инвестиции во руската економија по поминувањето на кризата.
3 години „војна со санкции“: Победува ли Русија?
„Можам да кажам дека се справивме“, - вака министерот во интервју за НТВ одговори на прашањето дали поминала кризата за руската економија.
Тој исто така укажа на тоа дека во последниот квартал руската економија демонстрирала пораст од 2,5%, а обемот на акумулираните француски инвестиции во Русија достигнал 18 милијарди евра и додаде дека „инвестициската активност, што е многу важно за идниот раст, се обновува“.
Притоа Орешкин истакна дека новите санкции на САД им се закануваат на заедничките проекти на Русија и Европа, затоа што во односите меѓу државите од ЕУ и Вашингтон се појавува тензија, што може да ѝ попречи на соработката, пренесува „Известија“.